Одбележувањето на 107-годишнината од албанската азбука
„Кон патот на буквите до Битола“ е годинашното мото на активностите за одбележување на 107-годишнината од албанската азбука, кои почнуваат утре во Битола.
- Три дена по ред, битолчаните и други кои ќе изразат желба да ги следат одблизу, ќе имаат можност да се сеќаваат на возвишената традиција и да се збогатат со исклучителните вредности на албанската култура, истакна на денешната прес-конференција, државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи.
Тој најави дека активностите почнуваат во 12 часот со друштвото „22 Ноември", кое ќе ја организира посетата на Форумот на албанската жена во Македонија на Музејот на азбуката. Потоа ќе има изложба на женски фустани од времето на конзулите во Битола. Во рамките на активностите во 13 часот, ќе се одржи научен форум посветен на сестрите Ќириази.
- Во активностите за одбележување на 22 Ноември особено е важна презентацијата на концептуален дизајн со историски албански личности изработени од восок. Презентацијата ќе се одржи во 12 часот, а еден час подоцна, предвидено е да почне научната дебата, посветена на албанскиот патриот, Митхат Фрашери, информира Шехапи.
Централниот настан ќе се одржи на 22 ноември, во 19 часот, во големата сала на Центарот за култура во Битола, каде за прв пат ќе се претстави на оркестарот на Националниот театар на опера и балет на Република Албанија.
- На овој начин ќе се круниса меѓукултурниот договор меѓу министерствата за култура на Република Македонија и на Република Албанија. Репертоарот е подготвен особено за овој ден. Солистите се познати имиња од албанската сцена вклучувајќи ги Шкодран Толај - тенор и Викена Каменица од албанската Опера, Армандо Ликај -бас и пијанистот од Македонија Шкелзен Бахтијари. Диригент на оркестарот е маестрото на Театарот на опера на Албанија, Едмонд Доко, истакна Шехапи.
Се очекува на овој настан да бидат присутни раководители на државните институции од двете земји.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала
-
Aмбасадорите на Пендаровски Владата ќе ги враќа со толкување
-
Армијата ќе се засилува со вработување на 300 професионални војници
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците