Македонија
9. јуни 2017 - 9:11

Одбележување на Светскиот ден на акредитацијата

Институтот за акредитација денеска под мотото „Акредитација: Обезбедување на доверба во градежништвото и изградената животна средина“ ќе го одбележи Светскиот ден на акредитацијата.

На настанот најавено е присуство на министерот за економија Крешник Бектеши, како и на претставници од научно-образовните институции, здравствените установи и на телата за оцена на сообразност.

Во рамки на одбележувањето ќе биде промовиран Годишниот извештај за работата на Институтот за акредитација и ќе бидат врачени сертификати на акредитираните и реакредитираните тела за оцена на сообразност во периодот од јуни 2016 до мај 2017 година.