Одбележување на кинескиот „Празник на средината на есента“

Во Музејот на современата уметност вечер од 20 часот ќе биде одбележан кинескиот „Празник на средината на есента“.
Настанот го организира Министерството за култура преку Координативниот центар за културна соработка меѓу Кина и земјите од Цетрална и Источна Европа, во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Амбасадата на НР Кина во Македонија.
Според кинескиот календар, фестивалот се одржува на денот кога Месечината е сосема тркалезна и го симболизира обединувањето на семејството и е период кога семејствата и пријателите се собираат заедно за да прослават.
На настанот ќе биде претставена кинеската традиционална култура - поетско читање, изведба на традиционална музика со кинеска цитра, презентација на уметноста на калиграфијата и други елементи на кинеската култура.
Настанот ќе го поздрават министерот за култура Асаф Адеми и кинеската амбасадорка Јин Лисјен.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
