Одбележување на Денот на сеќавање на Холокаусот

Луѓето ширум Израел утрово во тишина стоеја две минути, во знак на почит кон шесте милиони Евреи кои беа убиени во текот на Холокаустот.
Сообраќајот запре, возачите ги оставија своите возила за да учествуваат во Денот на сеќавање на жртвите на Холокаустот, најтажниот ден во Израел. Израелската телевизија и радио денеска емитуваат само сериозна музика и програми за Холокаустот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху учествуваше на церемонијата на полагање венци на споменикот на Холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим.
Илјадници млади Евреи од целиот свет денеска ќе учествуваат во „Маршот на живите“ од Аушвиц до Биркенау, во сеќавање на убиените во Холокаустот. Околу 12-те илјади учесници во маршот на местата на некогашните логори на смртта, кои во окупирана Полска ги изгради нацистичка Германија, ќе ги предводи израелскиот претседател Реувен Ривлин,
Во периодот од 1940 до почетокот на 1945 година, нацистите во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау убија околу 1,1 милион лица, од кои околу милион Евреи од различни европски земји. Логорот беше ослободен од страна на Црвената армија во јануари 1945 година.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
