Одбележување на денот на Првата механизирана пешадиска бригада
Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска со воена свеченост ќе биде одбележан денот на Првата механизирана пешадиска бригада.
- Таа е најголема борбена единица во чии редови се наоѓаат припадници на АРМ од повеќе родови. Препознатлива е по досегашните борбени искуства и учество во мировните мисии во Авганистан и Ирак, реализираните вежбовни активности и високите резултати од оценувањата, но и несебичната помош која припадниците на оваа единица им ја даваат на граѓаните на Република Македонија, секогаш кога тоа е потребно, соопшти Армијата на Република Македонија.
Поранешни команданти на првата и втората механизирана пешадиска бригада и генерали во пензија на воената свеченост во касарната ќе ги запознаат присутните со значајните историски моменти од постоењето на бригадата.
- Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма согласно правилото за воен протокол со прогласување најдобра единица од составот на бригадата, свечено дефиле на единиците, како и тактичко-технички збор на кој посетителите ќе имаат можност да видат дел од орудијата, оружјето и опремата со кои располага бригадата, наведува АРМ.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на АРМ, за Ден на Првата механизирана пешадиска бригада е одреден 2 април - датум на кој оваа единица е трансформирана согласно со новата организациско-формациска структура на АРМ.
Ново на Сител
-
ММА признат како официјален спорт во Македонија
-
Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија
-
Во близина на граничниот премин Богородица пронајдени четири мигрантки, едната во бессознание
-
Украдени спомен бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски и две бронзени бисти од гробиштата во Бутел
-
НБА: Мајкл Џордан стручен коментатор на Ен-Би-Си
-
На солунското пристаниште откриени речиси 58 килограми дрога
-
Вучиќ и Кошта на средба во Белград, разговарано за односите на Србија и ЕУ
-
Приведен 26 годишен велешанец, управувал возило со 2,07 промили во крвта и нападнал полициски службеник