Одбележани 74 години од ослободувањето на Тетово

Со положување букети цвеќе пред споменикот на Револуцијата во центарот на Тетово повеќе здруженија, политички партии, ученици и граѓани денеска одбележаа 74 години од ослободувањето на градот во Втората светска војна. Ослободувањето на Тетово го означи и конечно ослобдување на вардарскиот дел од Македонија од фашистичкиот окупатор и домашните предавници. Јордан Јосифовски како дете бил сведок на влегувањето на партизанските единци од 15-тиот корпус на Народно-ослободителната војска на Македонија на 19 ноември 1944 година во Тетово.
-Целиот град и старо и младо беа собрани на градскиот плоштад во Тетово со букети цвеќиња во раце и солзи радосници во очите. Партизаните построени по тројца во колона дојдоа од правец на Монополот до плоштадот. Имаа различни униформи италијански, германски, англиски, но радоста на сите беше неописишлива. Единствено тажна беше глетката на една жена што го бараше својот син меѓу борците но тој не беше со нив, сведочеше Јосифовски.
За значењето на овој датум за историјата но и иднината на Тетово реферат пред присутните прочита претседателот на Сојузот на борци од Тетово Јоцко Димитриески.
-Во текот на борбите за слобода Тетово даде три партизански одреди и двајца народни херои Тодор Ципоски – Мерџан и Ѓоце Стојчески – Амбарче чии херојски животи вечно ќе бидат втемелени во историјата на градот. Националната омраза и нетрпеливост се уште се храна на поединци, но како одминаува времето така и свеста на граѓаните од нашиот град е се посилна. Ние чесните и искрени граѓани и Македоници и Албанци и од другите националности нема да дозволиме овој светол датум да згасне. Наша денешна обврска е тоа да го чуваме и надградиме да трае со генерации бидејќи нашиот капитал е чување и негување на традициите и заедничкиот живот на сите граѓани од нашиот град, рече меѓу другото Димитриески.
Од Сојузот на борците на Тетово најавија дека во следните денови ќе се сретнат со претставнци од локалната власт предводена од градоначалничката Теута Арифи за уште еднаш да го покренат прашањето на поставување на бистите на народните херои Мерџан и Амбарче кои пред десеттина година беа тргнати од градскиот плоштад при неговата реконструкција и не беа вратени назад.
При денешното одбележување на ослободувањето на Тетово букети цвеќе положија делегации од општината, тетовскиот гарнизон на АРМ, претставници Сојузот на борци од Тетово и Гостивар, Музејот на тетовскиот крај, тетовските здруженија на резервни воени старешини, на пензионерите на Срби и Македонци, Куд Бранко Чајка и Македонски херои, учениците од основното училиште Андреа Савески Кикиш и од општинските ограноци на СДСМ и ВМРО –ДПМНЕ од Тетово.
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
