Одбележана годишнина од загинувањето на тројца бранители кај Гајре, Шипковица
Делегација на општина Новаци, денеска положија цвеќе на споменикот „Паднатиот анѓел“ во Битола и споменикот кај касарната „Стив Наумов“, а по повод 16-годишнината од загинувањето на тројца бранители кои во 2001 година го загубија животот кај Гајре, Шипковица.
Пред 16 години, во конфликтот во 2001 година, згаснаа младите животи на Пеце Матичевски, Влатко Миленковски и Благојче Силјановски, истакна градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.
- Во чест на бранителите Влатко, Благојче и Пеце, заедно со подрачното одделение на Министерство за одбрана и организацијата на резервни офицери, секоја година организираме бројни манифестации во знак на сеќавање и почит на жртвите. Организираме и меморијален турнир во фудбал на кој со своја екипа учествува и општина Новаци. Организатор на целиот настан е Министерството за одбрана – одделение во Битола, а за победникот доделуваме преоден пехар и пехар во трајна сопственост, посочи Котевски.
Општина Новаци донесе одлука со која новата спортска сала во таа општина го носи името на бранителот Пеце Матичевски.
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана