Одбележан Меѓународниот ден против насилство врз жените
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бара ратификација на Истанбулската конвенција, а централните институции и локалните власти да издвојат средства за функционирање на специјализираните сервиси за заштита и поддршка на жените жртви на семејно насилство. Барањата се по повод 25 Ноември - Меѓународниот ден против насилство врз жените.
Санела Шкриељ, членка на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство информира дека Истанбуската конвенција е конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејно насилство.
- Ова е најсеопфатниот меѓународен документ од оваа област кој го дефинира и препознава насилството врз жените како кршење на човековите права. Од земјите во регионот само Македонија ја нема ратификувано оваа конвенција, која е потпишана, рече Шкриељ.
Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство потсети дека годинава се случија четири убиства на жени.
- Во последните шест години се убиени 16 жени. На 25 ноември 2014 година имавме уште едно трократно убиство. За една година имаме вкупно седум убиени жртви на семејно насилство, а бројот на обидите за убиство е уште поголем. Сите овие убиства се извршени од членови на поблиското семејство, најчесто сегашни или бивши партнери. Во поголемиот дел од овие случаи постоело и веќе било пријавувано семејно насилство, нагласи Димушевска.
Според официјалните податоци на Министерството за труд и социјална политика има четири прифатни центри за згрижување на жени жртви на семејно насилство и уште еден центар, раководен од невладин сектор. Постои еден кризен центар кој е раководен од невладин сектор, еден советувалишен центар и пет центри за бесплатна правна помош, раководени од невладин сектор.
- Ситуацијата во однос на сервисите за заштита и поддршка на жртвите на семејно насилство не е воопшто променета и се влошува од ден во ден. Сервисите кои и онака се малку, постепено згаснуваат, рече Димушевска.
Според Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, неколкуте постоечки сервиси се однесуваат само на семејното насилство, а сите други, особено сексуалното не се ни препознаени и нема услуга и сервис за поддршка на тие жртва. Овие услови ги има во неколку неколку урбани локации, а жените од етничките заедници и од руралните средини немаат пристап до ваквите услуги.
Ново на Сител
-
Трет ден расправа за ребаланост на Буџетот
-
Mасовен напад со руски дронови врз Киев
-
Седница на Антикорупциската комисија
-
Српскиот претседател со апел до демонстрантите да не блокираат градови во државата
-
Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година
-
Бесент: Околу 100 земји ќе се соочат со царини од 10 проценти
-
Трамп вели дека е разочаран од Путин, денеска ќе разговара со Зеленски
-
Од денеска помалку метеж на „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола