Одбележан Денот на Третиот механизиран пешадиски баталјон во тетовската касарна

Со војничка свеченост денеска во тетовската касарна на АРМ Народен херој Кузман Јосифовски Питу беше одбележан 27 август-Ден на Третиот механизиран пешадиски баталјон (3.мпб).
Овој ден со одлука на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов е определен како Ден на оваа единици во спомен на формирањето на 15-тата поречка ударна бригада на 27 август 1944 година во Брезница. Оваа бригада на Народноослободителната војска на Македонија ги отпочнува своите борби со напад на бугарскиот участок во селото Здуње.
- Како припадници на 3.механизиран пешадиски батаљон не смееме да дозволиме разликите или интересите од било каков обем да не поделат. Мора да бидеме обединетии доселдни во напорите да одговориме на секој можен предизвикзастанат како пречка која го саботира оставрувањето на нашата мисија по цена у да се загуби сопствениот живот. Тое е наједноставната вистина што секој од нас мора да ја сфатии никогаш да не ја заборави се додека постои оваа единица. Со одбележувањето на овој ден се потсетуваме и на херојските дела од нашите славни предци кои придонесел за денешната слободна и суверена македонска држава а нивната храброст и пожртвуваност е патоказ што ќе продолжат да го следат припадниците од нашата единица, изјави командантот на 3.мпб потполковник Игор Спасеновски.
Во име на Првата механизирана пешадиска бригада во чиј состав делува 3.мпб на присутните им се обрати нејзиниот командант бригадниот генерал Зоран Милески.
- Денес кога се сеќаваме на херојските дела од нашите претходници истовремено и ги аналиизраме постигнатите резултати помеѓу двете одбележувања. Овој баталјон постигна извонредни резултати во исполнувањето на неговата и мисијата на АРМ за заштита на државниот и територијалниот сувернетитет и интегритет но и пружање на помош на населението и институциите во државата. Како позначајни работи се издвојуваат учеството во заштитата на јужната граница и справувањето со мигрантската криза, помошта на настарднатите и справувањето со последиците од поплавите во скопскиот регион и кај Шипковица, постојаното учество во меѓународните мисии Алтеа и Одлучна подршка, учеството во меѓународните воени вежби и успешното реализирање на планираната обука, вежби, гаѓања, маршеви и слично, рече меѓу другото Милески.
Во рамки на одбележувањето на Денот на единицата на повеќе подофицери и војници од 3.мпб добија унапредувања, награди, пофалби и други стимулативни мерки. За најдобар вод беше прогласен 1 -от.механизиран пешадиски вод од 1.-та механизирана пешадиска чета за покажаните извонредни резултати и залагањето на неговите припадници особено на најголемата воена вежба на НАТО во 2016 година што во јуни се одржа во Полска под името „Анаконда“ поради што го добија преодниот пехар и знамето за најдобар вод.
Во рамки на одбележувањето од страна на подофицерската чета беше изведена и показната вежба Реакција на комплексен напд врз конвој во движење со употреба на дел од вооружувањето и опремата со што располага оваа единица на АРМ.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
