Од затвор го пуштиле на викенд, па направил вистински хаос во својот дом - интервенирала и полицијата
Кумановец кој отслужувал затворска казна бил пуштен дома за време на празниците, но направил вистински хаос во својот дом каде што морала да интервенира и полицијата. Како што информира МВР, во вторникот околу 14.00 часот, во дворно место од куќата на ул. „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, Џ.С. (33), кој бил пуштен на домашно отсуство од Казнено поправната установа Затвор Скопје, почнал расправија со неговата поранешна невенчана сопруга Н.Р. (47). Тогаш нејзиниот син Р.Р. започнал со раце да го турка Џ.С. и од масата земал кујнски нож продолжувајќи да се расправа со него. Џ.С. успеал да му го одземе ножот, а по кратко време, на местото на настанот дошла екипа од полициската станица Куманово. При обид да му го одземе ножот на Џ.С., еден полициски службеник се самоповредил, односно си нанел расекотина на дланката од левата рака. Џ.С. бил приведен и спроведен во Казнено-поправната установа Идризово.
Повредата на полицискиот службеник му била санирана од екипа на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Приведени двајца лихвари во Радовиш, од кои едниот е полицаец
-
Мерсие: Отвореното писмо на Кос за случувањата во Србија не е порака кон студентите
-
Австралија го усвои законот за злосторство од омраза, задолжителни казни за нацистички поздрави
-
Разрешен шефот на руската вселенска агенција „Роскосмос“, Јуриј Борисов
-
Државниот буџет оштетен за скоро два милиона евра, покажала ревизијата во Министерството за економија
-
Утре или в понеделник ќе бидат соопштени мерките што ќе ги преземе Владата за високите цени на основните прехранбени производи
-
Џафери: Албанците систематски се исклучуваат од Министерството за одбрана и Армијата
-
Стручната фела очекува наскоро да профункционира Законот за употреба на македонскиот јазик