Од западнонилска треска во Грција починале четири лица

Од почетокот на сезоната, заклучно со вчера, од западнонилска треска во Грција починале четири лица, на возраст од над 80 години, а 35 се заразени, според податоците на националната организација за јавно здравје, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
Националната организација за јавно здравје, во седмичниот извештајот пишува дека е веројатно и очекувано во следниот период да се појават и нови случаи.
Од 2010 до 2018 во Грција биле регистрирани вкупно 988 случаи, починале 134 лица, најголемиот број на смртни случаи имало лани (50), а во 2015 и 2016 воопшто не бил регистриран случај со заразен со вирусот, jави дописничката на МИА од Атина.
-Случаи со заразени со вирусот Западен Нил кај луѓе и животни се забележани во различни делови на земјата во годините 2010 – 2014 и 2017 – 2018 година, во скоро сите региони. Ова укажува дека вирусот Западен Нил веќе континуирано постои во нашата земја, како и во други европски земји, пишува во извештајот на грчката Национална организација за јавно здравје.
Ново на Сител
-

Ќе продолжи ли повластеното ДДВ кај дизелот од понеделник?
-

Еврокодови за посигурни градби: Ќе поскапи ли квадратот?
-

Седум дена нема хоспитализиран пациент со западно-нилска треска
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
