-->
-->
Од утре укинување на квотите за лекови во туристичките места
-->
Од утре ќе нема недостиг на лекови во туристичките места. Министерот за здравство најави дека ги укинуваат квотите во Охрид, Струга, Дојран, Ресен и Гевгелија, а тоа според Филипче е прв чекор до целосна либерализација и целосно укинување на квотите за лекови во цела земја.
Филипче вели дека во туристичките места со години наназад локалното население се соочувало со недостиг на лекови, бидејќи туристи од други градови си носеле рецепти со нив и во Охрид и Струга ги подигнувале лековите.
Наслежните велат дека овој период работат на утврдување на контролни механизми со кој ќе спречат злоупотреби при укинување на квотите. Една од мерките ќе биде пациентот лично, со лична карта да ја подига терапијата во аптека.
Филипче не прецизира кој правел криминал со фиктивни рецепти како што неодамна соопшти премиерот Заев, но вели дека во септември ќе излезат со цела анализа на оваа тема.
Сања Димитровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето