Од утре студени утра со температури под -15 степени
Стабилно и суво време со утрински температури под нулата се очекуваат од утре кои на повисоките места и на планините ќе се спуштат и под -15 степени.
Утринските температури според најавите од УХМР утре ќе се движат од -12 во Маврово, -10 во Берово, -8 во Крива Паланка, - 6 во Тетово, Прилеп, Свети Николе, - 5 во Скопје, Охрид, Штип и Струмица, - 4 во Демир Капија и - 2 во Гевгелија. Температурата ќе остане под нулата и во текот на денот во Маврово - 5 и Берово - 2 степени.
Максималната температура утре ќе достигне до 6 степени во Гевгелија. Во Скопје ќе биде три степени.
За новогодишната ноќ времето ќе биде вредро и многу студено со температура околу - 10 степени.
Дневните температури од недела ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 4 до 9 степени, во понеделник од 5 до 10, вторник од 6 до 11 и среда од 3 до 9 степени. Утринската температура во недела ќе се движи од -14 до -6, во понеделник -12 до -5, вторник од -11 до -4 и во средба од -8 до 0 степени.
Ново на Сител
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот
-
30 години Сител Телевизија - Ваш прв избор