Од утре се укинува бесплатниот превоз за сите граѓани во Скопје
Од утре се укинува бесплатниот превоз за сите граѓани во автобусите на ЈСП Скопје и кај приватните превозници и ослободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања и за бремените жени.
Како што соопшти Град Скопје, во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината.
Градот Скопје ќе продолжи со интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината. Ќе се продолжи со интензивно миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.
Градските власти ќе го продолжат интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во нивна надлежност.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Локалното население да се едуцира и да се вклучи во гаснење на пожарите
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
ВМРО-ДПМНЕ: Рудникот е казнет и обврзан да ги преземен сите мерки од А-интегираната дозвола
-
СДСМ бара инспекторатот да побара одговорност од сите инволвирани во хаваријата од рудникот Тораница
-
Четворицата критични пациенти кои се во странски медицински центри и понатаму во тешка состојба
-
Во штипската болница отворен центар за рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани
-
Преку измени на закон ќе се регулира користењето на пиротехника во затворен простор