-->
-->
Од утре повторно дожд, стабилизација на времето од петок
-->

Од утре до кон крајот на денот и во наредните два дена под влијание на нов влажен воздушен бран земјава ќе биде зафатена од повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Синоптичарите најавуваат дека на одредени места може да наврнат и над 25 литри на метар квадратен за 24 часа.
На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од пет до 10 сантиметри. Поради спуштање на постуден воздух од север, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места.
Слична временска прогноза се најавува и за Скопје каде повремено врнежите од дожд ќе бидат пообилни.
Стабилизација на времето се очекува од петок.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
