Македонија
23. March 2025 - 16:47

Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани

Од утре почнува исплатата на итната и првична помош од 150 илјади денари за секое семејство кое на кој било начин е зафатено со несреќата во Кочани. Од Владата и понтаму со апел семејствата на оние кои се лекуваат надвор да ги контактираат владините тимови и дипломатско-конзуларните претставништва за каква и да е потреба или трошок.

Во меѓувреме, преку солидарниот фонд на Црвениот крст собрани се речиси 53 милиони денари или близу 850 илјади евра. Оние кои сакаат да помогнат и да се вклучат во хуманитарната акција можат да донираат со телефонско јавување на бројот 143 400 од сите мобилни оператори и на жиро сметката на Црвениот Крст.