Од утре најавен прекин на железничкиот сообраќај
Железничкиот сообраќај од утре во 7 часот ќе биде во прекин поради неисплатен втор дел од платата за октомври, најавија претседателите на синдикатите на машинскиот и извршен персонал во Железници на РСМ Транспорт, Тони Димовски и Душко Чакаровски.
Како што изјави Чакаровски за МИА, со овој чекор всушност се реализира нивната најава за прекин на работата доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатен вториот дел од платата за претходниот месец.
Машинскиот и извршниот персонал во Железницата го прекинаа железничкиот и товарниот сообраќај и на 1 ноември, поради неисплатен втор дел од септемврриската плата. По исплатата наредниот ден ја прекинаа блокадата, но до раководството на железничкото претпријатие доставија одлука дека доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден.
Во одлуката е наведено и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, како и дека во спротивно, нема да работат веќе од наредниот ден.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Апсолутно не размислувам за промена на македонската химна
-
Мицкоски: Ахмети има редовна комуникација со Груби, го советувам да се врати и да се соочи со правдата
-
Трамп: ЕУ е создадена за да ја искористува Америка, ќе воведам 25 отсто царини за автомобили
-
Во Албанија продадени 10 тони мандарини со пестициди вратени од Хрватска, денеска уапсени три лица
-
Дончиќ за мечот против неговиот поранешен тим Далас: Имаше многу емоции, мило ми е што победивме
-
Полицијата во Германија во состојба на зголемена приправност по закани за напади на карневалите
-
Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за 53-годишник од Делчево
-
Затвореник почина во Идризово