Од среда Албанија го враќа полицискиот час
Комитетот на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19 соопшти дека од среда во Албанја се враќа полицискиот час,во период од три недели.
-Поаѓајќи од високиот број заразени а со цел да се спречи понатамошното ширење на заразата, донесовме одлука со која се забранува движење од 22:00 до 6:00 наутро. Ограниченото движење започнува од среда, 11 ноевмри и ќе трае три недели.Од оваа одлука се изземаат само лицата кои се на работа и службите за итни потреби, рече Мира Ракацоли, претседателка на Комитетот и заменик министер за здравство и социјална заштита.
Исто така се забранува работата на угостителските објекти од 22:00 до 06:00 часот (освен услуга за достава ), додека за јавната администрација, според спецификите на секторот, ќе се работи онлајн или со ротација,со строго почитување на протоколите.
Ракацоли нагласи дека на овој чекор се одлучиле по деталната анализа на состојбата со пандемијата и реалзираните активности до сега,како и искуството од други земји.
-Констатравме дека во Албанија заразата се шири.Зголемена е и инциденцата. Апелираме на строго почитување на новите и до сега препорачаните мерки, посочи Ракацоли.
Одлуката на Комитетот на експерти стапува во сила без за неа да донесува дополнителна одлука на Владата.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција