Од септември зголемување од пет проценти на платите на судиите и судските службеници
Од септември ќе се реализира зголемувањето од пет проценти на платите на судиите и судските службеници, а во тековниот Буџет има обезбедено околу 120 милиони денари за исплата на надоместоците, согласно Законот за судиите и судските службеници.
Ова го констатирале на денешната средба премиерот Зоран Заев, министрите за правда и за финансии, Рената Дескоска и Драган Тевдовски, со делегација на Здружението на судии, предводена од претседателот на здружението Џемали Саити, судија во Врховниот суд.
-Премиерот Заев, заедно со министерот за финансии и министерката за правда, изразија уверување дека уште 120 милиони денари ќе се обезбедат со ребаланс на Буџетот, и дека тие ќе бидат наменети за ретроактивни решенија на проблемите со надоместоците на судиите, соопшти владината прес-служба.
На средбата, на која позитивно биле оценети заложбите и реформите насочени кон обезбедување независно судство, претставниците на судиите и на Владата постигнале договор за формирање работна група со претставници од ресорните Министерства за изнаоѓање системско решение за платите на судиите.
Ново на Сител
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
-
Почина Дражен Далипагиќ
-
Тешко повреден 18-годишник во сообраќајка на регионалниот пат Демир Хисар – Битола
-
Приведен крадец од Скопје баран по потерница
-
Патник загинал, а четворица полицајци повредени во две последовални сообраќајки кај Крива Паланка
-
Хамас: Од 70 до 200 палестински затвореници ќе бидат депортирани од Појасот Газа и од Западен Брег
-
Промовирани 497 нови полициски службеници од генерација 2024-2025
-
Бела куќа: Итно е потребно продолжување на примирјето во Либан