-->
-->
Од Реал предупредуваат, Атлетико не игра само одбрана
-->
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не се согласува со фудбалските аналитичари дека тимот на Атлетико Мадрид е одбранбена екипа, туку дека тоа е тим кој знае да биде многу опасен и во нападот.
„Не се работи за екипа која игра само одбрана. Атлетико е комплетен тим, кој знае како да одигра во двата правци. Кога Атлетико има посед на топката може многу да му зададе мака на секој противник, вклучувајќи не и нас’’, изјави Зидан за шпанските медиуми.
Градските мадридски ривали, Реал и Атлетико во сабота (28 мај) ги очекува голема битка и тоа за пехарот наменет за победникот во Лигата на шампионите.
Иако главна карактеристика е цврстата одбрана, сепак тимот на Атлетико има и силен напад предводен од Фернандо Торес и Антоан Гризман кој три од седумте голови во Лигата на шампионите Французинот ги постигна на последните три натпревари.
„Знаеме дека Атлетико е составен од одлични играчи на сите позиции. Тие имаат и фантастични напаѓачи кои во последно време постигнаа многу голови. Мораме да бидеме многу внимателни во одбраната’’, предупреди десниот бек на Реал, Марсело.
Саботниот меч меѓу Реал и Атлетико практично ќе биде реприза на финалето од 2014 година, кога Атлетико беше на прагот да ја освои својата прва титула, но Реал се избори за продолженија, по кои забележа победа и го освои десеттиот трофеј во елитното натпреварување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро
-
Делегација на Достоинство, предводена од Ангелов положи цвеќе во спомен на загинатите бранители во Вејце
-
Палевски негира насилни кривични дела, според него процесот е политички прогон
-
Човечко тело пронајдено во Вардар
-
Арачиново: Ги викнале да разговараат за 7.000 евра долг па извадиле пиштоли и почнале да ги пукаат
-
По три години, од 3 мај летови Скопје Барселона, стартува и авиолинијата за Лион
-
МЕРМС: Двојно поголема наплата, рекордни 247 милиони денари за три месеци
-
Охриѓанец со „пасат“ удрил во столб за видеонадзор на ГП Табановце