Македонија
25. September 2019 - 14:18

Од први ноември билет за едно возење ќе се купува во автобус - цената ќе биде 50 денари

Граѓаните кои ретко користат јавен превоз или не се од Скопје и немаат ниту персонализирана ниту неперсонализирана картичка скопска, досега се соочуваа со потешкотии при плаќање на возењето. Најголем проблем имаат странците, кои се се почести туристи во метрополата, а кои немаат можност да платат ниту со телефон.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска најави набрзо решавање на овој проблем. Имено, од први ноември во употреба ќе биде пуштена картичка скопска за едно возење, која патниците ќе можат да ја купат во автобус. Цената на билетот за едно возење ќе чини 50 денари.