Од први јуни авиолинии до уште три градови во Турција

Меѓународниот Аеродром Скопје од први јуни се поврза со уште три градови во Турција. Авиокомпанијата АJet изминатиов викенд почна да лета до Анкара, Чукурова, Дијарбакир, три нови дестинации за одмор, соопшти аеродромскиот оператор ТАВ Македонија.
Сезонските летови од Скопје до Анкара и до Дијарбакир ќе се одвиваат еднаш неделно, летовите на Ajet до аеродромот Чукурова два пати во неделата, а до сите три дестинации ќе се лета од први јуни до крајот на септември годинава.
-Директното поврзување на Меѓународниот Аеродром Скопје со трите нови дестинации во Турција е од голема важност од повеќе аспекти, затоа што секоја област носи свои бенефити. Спојот на двата главни града, Скопје и Анкара, ќе придонесе за зголемена трговска размена, брза бизнис логистика меѓу Македонија и Турција, лесен пристап до турскиот пазар, бизнис-мобилност, туристичка и културна размена, образовна и академска соработка, поврзување на заедниците, а ќе придонесе и за дополнително унапредување на политичките и дипломатските односи, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Воспоставувањето на авиоконекцијата на Скопје со Чукурова и Дијарбакир пак, ќе донесат значајни стратешки, економски, туристички и културни бенефити за земјава, велат од ТАВ Македонија.
-Чукурова е голема плодна област која ги опфаќа Адана, индустриски и аграрен центар и Мерсин, туристички потенцијал, дестинација на турската медитеранска ревиера. Она што е исто така значајно е што во Македонија постои голема популација со потекло од овие две области, со што авиоповрзувањето ќе ја олесни комуникацијата и одржувањето на семејните врски, нагласуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје.
Со новите три дестинации, авиокомпанијата АJet од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има вкупно 4 дестинации, вклучувајќи ја и веќе постоечката линија до Истанбул, до аеродромот Сабиха Гокчен.
Во тековната летната сезона 2025, вкупно четири авиокомпании летаат меѓу Турција и Македонија, до вкупно 6 града и 7 аеродроми во Турција. Од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид Turkish Airlines лета до Истанбул (IGA аеродром); Pegasus Airlines лета од скопскиот аеродром до Истанбул (аеродром Сабиха Гокчен), Измир и Анталија, Ајет исто така лета од Скопје до Истанбул (аеродром Сабиха Гокчен), додека Sun Express лета од Скопје до Анталија и Измир.
Ново на Сител
-

ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-

Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-

Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-

Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-

Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-

Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-

Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-

Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
