Балкан
14. јуни 2016 - 8:46

Од прослава во смрт - Малолетник загина на роденденот

Страшна трагедија се случи вчера во Обреновац. 23-годишниот Станислав Петковиќ со својот автомобил се забил во поранешниот ресторан "Рибица" и усмртил 15-годишен малолетник.
 
За трагедијата да биде поголема, детето Д.Т. го загубило животот на петнаесетиот роденден во сообраќајката која се случила вчера во 2 часот и 45 минути по полноќ. Тинејџерот со својот џип загубил контрола и влетал во ресторанот, а малолетникот починал на лице место. Повредени се и 15-годишниот Н.М. и 16-годишниот А.Р. кои биле во автомобилот.
 
- Загина на роденденот, судбина...ова е голема трагедија...се само дел од коментарите кои веднаш се напишани на Фејсбукот на младото момче.
 
Детето седело на задното седиште и се здобило со сериозни повреди од кои веднаш заминало во смрт.
 
Навистина голема трагедија.