-->
-->
Од продажба на мајчино млеко заработила 19.300 евра
-->
Млада мајка од Флорида, Џули Денис, која има две деца, одлучила во време на коронавирусот и финансиската криза да го продава сопственото млеко, со кое доела сурогат бебе, а досега заработила 19.300 евра.
Бидејќи била сурогат мајка, по шест месеци сфатила дека на детето не му е потребно млеко, па одлучила да ја продава „скапоцената течност“.
Таа им продава 28 грама мајчино млеко за 90 американски центи на семејства, чии мајки не можат да имаат природно млеко. Денис работи како наставник во средно училиште, а недостигот од пари го дополнува на оригинален начин, пишува „Мирор“.
– Не е се во парите, сакам да им помогнам на луѓето во неволја, но секако она што ќе го заработам е важно за мене и моето семејство, изјави младата мајка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Екс директорот на Геријатрија обвинет за земање поткуп, седна во судница
-
Нов топлотен бран во Македонија до средина на идната недела
-
Вработени на Клинички револтирани по најавите за поскап паркинг - Синдикатот бара итна средба со Алиу
-
Над 60 лица вработени во Флораком и Луна си ја бараат јунската плата - Денеска излегоа на протест
-
Последна опомена од Дурмиши до трговците
-
Српската Алта Банка на чекор до проширување во Македонија
-
Бранителите на Карпалак ја дадоа најголемата жртва за Македонија, ниту смееме, ниту можеме да ги заборавиме
-
Одобрен планот на Нетанјаху за контрола врз Газа - Странските лидери повикуваат да ја преиспита одлуката