Од понеделник во Скопје ќе вози „еко-петка“
Од понеделник на линијата „5“ ќе почне да вози автобус на гас, произведен од германски МАН. Автобусот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров ќе сообраќа два месеца и тоа практично ќе биде пробен период за да градските власти ги увидат ефектите од користење ваков тип на автобус. Тој ќе му биде отстапен на Град Скопје на бесплатно користење, за што денеска беше и официјализирана соработката помеѓу Градот и Мак Аутостар, дилери на германските возила.
Станува збор за енергетски ефикасен автобус, наменет исклучиво за јавен превоз, со намалена потрошувачка на гас. Споредено со потрошувачката на старите дизел – автобуси, овој автобус троши речиси 50 отсто помалку гориво, што дополнително би ги намалувало трошоците на ЈСП. Најголемата предност на овој автобус е тоа што емитува значително помалку ЦО2 и речиси воопшто не го загадуваат воздухот.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото