-->
-->
Од понеделник во Црна Гора ќе има верски обреди
-->
Верниците во Црна Гора ќе можат да посетуваат верски објекти под одредени услови од понеделник, 11 мај, соопшти Националното координативно тело за заразни болести, наведувајќи ги условите под кои може да се вршат верски обреди.
Едно лице на 10 квадратни метри ќе може да престојува во верскиот објект, а максимум 20 лица надвор од зградата. Задолжителното физичко растојание да биде најмалку два метра, јави РТЦГ.
Информациите за максималниот број на лица мора да бидат објавени на влезот во верскиот објект. Сите, освен свештеникот, ќе мора да носат маски за време на церемонијата. Дезинфекцијата на рацете е задолжителна на влезот и излезот од објектот.
Националното координативно тело истакнува дека забраната за собири е сè уште во сила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Oхрид забрзано се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
„Не може некој со плата од 2.000 евра да кажува дека 400 евра е доволно“ – првомајски протест во Скопје
-
Кој колку троши по кафеани и се грижи за работниците – на Први мај власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
0д 1-ви мај лани, до 1-во мај годинава, статус кво на работничките права
-
Традиционален првомајски пикник
-
Македонците масовно патуваат за 1 мај - најмасовна Богородица