Од понеделник сослушување на патниците и возачот од превртениот автобус
Во врска со сообраќајната несреќа која се случи во неделата на автопатот Велес – Скопје, кај Кула, во која се преврте туристички автобус со македонски патници кои летувале во Грција, а во кој имаше повредени 27 патници и еден починат, во Основното јавно обвинителство во Велес, како што изјавија за МИА, поради здравствената состојба на возачот кој е во болница, ќе чекаат негово опоравување и од наредната недела ќе го сослушаат во врска со несреќата.
Како што изјави Славица Темелковски, основен јавен обвинител при ОЈО Велес, освен возачот, ќе ги сослуша и сите патници кои биле во автобусот кои се повредени или не се повредени.
- Чекаме да се соземат од немилиот настан и најверојатно од понеделник сите ќе ги сослушаме, по што ќе се изврши вештачење и анализи во врска со настанот. Откако сето тоа ќе се заврши ќе можеме да лоцираме кај кого е кривичната одговорност, изјави Темелковски.
Ново на Сител
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање