Од полноќ поевтинуваат горивата
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 5,00 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 5,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,550 денар/килограм и сега ќе изнесува 56,749 ден/кг.
Од 17.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 56,749 (денари/килограм)
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,533%, кај дизелот за 7,922%, кај екстра лесното масло за 7,911% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 4,928%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,119%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.3.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Ново на Сител
-
Васил Јованов бара поблага казна, обвинителството очекува повисока
-
Засилување на вакцинацијата со МРП за да не дојде до епидемија – синхронизација на 12 закони во здравството
-
Преглед на вестите од светот
-
Се санираат штетите од вчерашниот дефект во Влае кој го остави Скопје без вода
-
СДСМ денеска во Илинден, Петровец, Карпош и Центар
-
ВМРО ДПМНЕ денеска во Македонски Брод и Кичево
-
Османи најавува проекти за развој на спортот во Чаир
-
Меџити го претстави мастер планот за развој на Чаир