Бизнис
3. February 2020 - 13:33

Од полноќ нови поефтини цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ, најмалку во наредните седум дена.

Согласно одлуката на РКЕ, возачите од утре ќе точат ЕУРОСУПЕР БС 95 поефтин за денар и половина по цена од 66 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 поефтинува за еден денар и ќе чини 68,5 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ  (Д-ЕV) пофтинува за два денари, ќе се продава 58 денари по литар, додека екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 47,5 денари.