Од петок попладне заладување со пороен дожд, грмежи и град
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре попладне ќе настапи значителна промена на времето во Македонија. Претпладнето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
Повеќе врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кон сабота, особено во северните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 30 до 36 степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и особено во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, како и засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени во однос на денешната и ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.
Од понеделник се очекува стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата.
До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата