Од петок цело Скопје без вода
За скопјани информацијата дека големиот дефект на водоводната мрежа ќе се санира во пресрет на викендот. Како што соопшти Водовод, водата во главниот град ќе биде запрена во петок во 22 часот вечерта а прекинот ќе трае се додека не се санира дефектот.
Вода ќе немаат сите населби од кружниот тек во Ѓорче Петров до Зелениково кои се наоѓаат на десната страна на Вардар.
Ќе се санира дефект на улицата Никола Парапунов во Општина Карпош кадешто минатата недела се излеа вода. За санирање на дефектот ќе биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, заради реализација на претходно најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод.
Покрај оваа локација, од „Водовод и канализација“ информираат дека ќе бидат санирани уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори