Бизарно но вистинито
11. March 2016 - 12:22

Од очите и ушите и тече крв по 5 пати на ден - За оваа мистериозна болест нема лек!

Марни Харви (17) е болна од мистериозна болест која предизвикува течење на крв од нејзините очи и уши.

Состојбата и се појавила пред три години, а докторите до ден денешен немаат адекватна дијагноза и лек.

Мајката Кетрин (43) безуспешно ја водела на различни тестирања и анализи. Единствениот совет што докторите го имале за Марни е да ја промени исхраната, односно да ги исфрли шеќерите.

1foto oko

Состојбата почнала да се влошува со текот на времето, а во јуни е забележан најлошиот стадиум.

Таа сега крвави од ушите и очите по пет пати на ден. Таа е единствениот пациент во Велика Британија со ваква болест.