Од ноември почнува изградбата на инфраструктурната мрежа во зоната Визбегово

До почетокот на ноември се очекува да почнат активностите околу изградбата на инфраструктурната мрежа во индустриската зона Визбегово.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој денеска беше во работна посета на општина Бутел, изјави дека до средината на септември јавното претпријатие „Водовод“ треба да го изготви проектот по што Министерството за транспорт и врски ќе го распише тендерот.
- Изградбата на инфраструктурата во зоната Визбегово е предизборно ветување на Владата и ние тоа ќе го исполниме. Во Буџетот на Република Македонија се определени 20 милиони денари што се наменети за започнување на инфраструктурата во делот на водовод и канализација, рече Сугарески.
Проектот ќе чини од седум до девет милиони евра со цел во наредниот период комплетно да бидат завршени инфраструктурните работи во индустриската зона Визбегово.
Покрај активностите во индустриската зона Визбегово, градоначалникот Велимир Смилевски најави дека во следниот период Бутел ќе биде општина каде ќе се одвиваат низа градежни активности. Според него, еден од најголемите проблеми со кои се соочува општината е немањето атмосферска канализација.
- Нашата општина има проблеми со канализацијата и водоводот и се надевам дека со помошта што ќе ни ја даде Владата во наредниот период ќе ги реализираме сите ветени проекти, изјави Смилевски по средбата со министерот Сугарески.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
