„Од нива до трпеза, од фарма до вилушка“ по повод Светскиот ден на храната
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска, во трговскиот центар Сити Мол, организира промотивен настан „Од нива до трпеза, од фарма до вилушка“ - безбедна храна за македонските граѓани, по повод Светскиот ден на храната.
Настанот се реализира во соработка со детскиот хор „Златно славејче“ и Организацијата за заштита на потрошувачите (ОПМ), а на граѓаните ќе им понуди можност да се информираат за улогата и обврските на Агенцијата и да добијат информации како да внимаваат при изборот на храната и производите со цел консумирање здрава и безбедна храна.
Дечињата од „Златно славејче“, кои се дел од промоторите на активностите на Агенцијата, ќе делат едукативни флаери на потрошувачите и јаболка како синоним за здрава храна, а во рамки на ликовно катче, децата посетители ќе може да ја изразат својата креативност на тема здрава храна.
Сите цртежи ќе бидат дел од галеријата на АХВ и ќе се објават на веб страницата www.fva.gov.mk. Најдобрите три цртежи ќе бидат наградени со бесплатни билети за престојниот фестивал Златно Славејче во ноември.
На настанот ќе присуствуваат директорот на АХВ Зоран Поповски, претседателката на ОПМ Марјана Лончар и извршниот директор на фестивалот „Златно славејче“ Бобан Јосифовски.
Ново на Сител
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста