Од МТСП препорачуваат: Поради портокаловата фаза да се ослободат од работа најранливите категории население
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа и во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови, кои следуваат согласно Акцискиот план на Министерството.
Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните денови, почнувајќи од четврток, 21 јули, до недела, до 24 јули.
Како што соопштија претходно од Министерството за здравство, општите мерки кои треба да се почитуваат се ослободување од работните обврски на најранливите групи население, како што се – бремените жени и хронично болни лица.
Во установите за згрижување на децата, градинки, да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.
Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Истовремено Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.
Ново на Сител
-
Голем број дојави за подметнати бомби во училишта низ Бугарија
-
Го оштетиле Буџетот за 11.004.500 денари - Финансиска полиција со кривична пријава за едно физичко и едно правно лице
-
Земјотрес со јачина од 5,1 степен на грчкиот остров Лезбос
-
Зеленски бара европски мировници за обезбедување траен мир
-
Бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 28
-
Најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка
-
Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства
-
Поради дефект без вода корисниците од плоштадот Македонија до Македонска пошта и ул. Орце Николов