-->
-->
Од Металург најавуваат триумф над Мотор
-->
Македонскиот претставник во Лигата на шампионите Металург на досегашните шет натпревари од групата запиша две победи и четири порази, од кои три во серија на последните натпревари. По двата минимални порази на гости и домашниот пораз од Баја Маре, во тимот на Металург најавуваат победа на дуелот со украински Мотор.
На денешната прес конференција тренерот Лино Червар истакна:
- Од поразите се учи. На првиот натпревар со Мотор загубивме со шест разлика. Ова е искусен тим, каде главна алка им е надворешната линија заедно со пикерот. Тие се незгоден ривал и ќе се обидеме да ги нападнеме поагресивно, а со борба и желба можеме да ги надминеме нашите слабости. Најважно ќе биде да се бориме, а потоа и да победиме.
Се очекува новото засилување на Металург Давид Шпилер да биде во составот, а тренерот Червар истакна дека повредата е санирана, а единствено проблем може да биде невоиграноста со остатокот на тимот.
По солидниот настап во репрезентацијата на Македонија на турнирот во Умаг, Филип Талески очекува триумф на дуелот што се игра во четврток:
- Во Украина загубивме, но тоа беше натпревар од 1.коло од групата во Лигата на шампионите. Сега имаме друга слика, а добро е што дојде и Шпилер. Со добра игра во одбраната во текот на сите 60 минути можеме да се избориме и за резултат во наша корист.
Дуелот Металург – Мотор се игра во четврток во 17:45 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека другите два дуела од Д групата од ЛШ (Баја Маре – Скјерн и Елверум – Кадетен Шафхаузен) се играат во недела. Три екипи имаат по 8 бодови Скјерн, Мотор и Баја Маре, Кадетен Шафхаузен има 5, Металург 4, а последен е Елверум со 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Израел и Хамас се блиску до постигнување некаков договор
-
Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси
-
Израелската армија повторно нападна цели во главниот град на Јемен, Сана
-
Полесно повреден возачот на цистерната што се запали на патот Гевгелија - Богданци, се отстранува истеченото гориво
-
Зеленски се закани со напади врз Кремљ
-
Словенија го прогласи Нетанајху за „персона нон грата“
-
Тошковски: Стабилна безбедносна состојба во Дебар – ГП „Блато“ станува мост на поврзување со Албанија
-
Сиљановска - Давкова во ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови и со зачувано национално достоинство