Од Ковид-19 почина познат професор од Политехничкиот универзитет во Тирана

Битката со опасниот коронавирус доцна синоќа ја загуби познатиот професор Клемент Ќерими, од политехничкиот универзитет во Тирана.
Тој веднаш по добиениот позитивен резултат бил хоспитализиран во Инфективната клиника, но последните денови му се влошила состојбата и бил интубиран.
Од него преку социјалните мрежи се простуваат голем број колеги, граѓани и студенти, кои го паметат како одличен педагог и искрен пријател.
Во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември минатата година целосно беше разрушена куќата на Ќерими, при што тој го загубил видот на десното око, кога врз него паднал дел од мебелот во куќата.
Професорот (47) е 201 жртва од Ковид-19 во Албанија и трет универзитетски професор.
Во неделата битката со опасниот вирус ја загуби Арбен Бајо(53), еден од најпознатите албански скулптори и професор на Академијата за уметности во Тирана.
Претходно како последица од коронавирусот почина и Арјан Пуши (57), познат хематолог, професор на медицинскиот факултет во Тирана, кој од самиот почеток на пандемијата беше вклучен во тимот на Инфективната клиника.
Ново на Сител
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
-

Продолжуваат обвинувањата за набавката на Леонардо хеликоптерите
