Од јуни до октомври 59 пати интервенирале пожарникарите од Гевгелија
- Во текот на изминативе девет месеци гевгелиските пожарникари интервенирале 90 пати во локализирање и гаснење пожари во општина Гевгелија и соседните општини од југоисточниот регион, потврдија денеска од територијалната противпожарна единица во Гевгелија.
Дури 59 пати или две третини од пожарите се случиле во периодот од почетокот на јуни до крајот на септември, поточно во текот на летото, поради што 47 од нив биле на отворен простор, односно се случиле во шума или на земјоделски површини, три пожари се гаснеле на објекти, четири интервенции имало на опожарени возила и четири интервенции биле од техничка природа, велат пожарникарите.
- Нашата единица во моментов е добро организирана, опремена и екипирана за дејствување. Брзо и ефикасно интервениравме на повиците и сите пожари како и други непогоди успеавме да ги ликвидираме ден за ден со што и направените материјални штети се значително намалени, рече Раде Котески, командир на ТППЕ Гевгелија.
Со оглед на релативно високите температури и ниската влажност, останува апелот до граѓаните да не палат оган на отворен простор и во шума. Граѓаните, исто така се предупредуваат пред стартот на претстојната грејна сезона да ги исчистат оџаците и да извршат проверка на електричната инсталација на објектите и на апаратите доколку се греат на струја
Ново на Сител
-
Приведено лице на Табановце, ВИН бројот на возилото не бил ист со оној во сообраќајната
-
Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија
-
Амбасадата на САД во Киев затворена поради потенцијален воздушен напад врз градот
-
Потпишување Договор за грант во вредност од 3 милиони евра за МЖСПП
-
Наришкин: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето
-
Арачиновец криумчарел 9 мигранти од Иран во крајслер
-
Вестбрук прв играч во историјата на НБА со 200 трипл-дабл
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии