-->
-->
Од Идомени евакуирани повеќе од 2.000 бегалци и мигранти
-->
Продолжува акцијата на грчката полиција за расчистување на нелегалниот бегалски камп кај Идомени на границата со Македонија, каде над десет илјади лица повеќе месеци чекаат повторно да биде отворена западно-балканската рута, со цел да го продолжат патот кон Европа. Во вчерашниот прв ден од полициската операција од Идомени се евакуирани 2.000 лица, соопштија синоќа грчките власти и информираа дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови.
Полицијата соопшти дека 42 автобуси со повеќе од 2.000 бегалци и мигранти заминале кон разни сместувачки центри во Солун и околината.
Во Идомени ќе остане силно полициско обезбедување за време на евакуацијата, се додека кампот, во кој имаше околу девет илјади луќе, не биде целосно испразнет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Акција на МВР: Разбиени картели во Арачиново и Чаир
-
Агелер не е изненадена што Груби се најде на ,,црната листа''
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Мерко именувал библиотекар за директор на училиште
-
Законот за интонирање на македонската химна денеска пред пратениците: Јаневска очекува да добие поддршка
-
Дурмиши: Новогодишната кошничка ќе донесе заштеди над 1200 денари месечно
-
Депонијата Буково полна со отровен отпад
-
Преглед на вестите од светот