Од Грција за Германија заминаа 90 бегалци

Од Грција за Германија денеска заминаа 90 баратели на азил -семејства со деца со сериозни здравствени проблеми, кои беа сместени во прифатните центри на грчките острови.
Во рамките на европската солидарност, како што соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција, Германија ќе прими 243 деца со сериозни здравствени проблеми, односно вкупно 928 бегалци, со оглед на тоа дека од грчките острови децата заминуваат со нивните семејства.
-Грчко- германската соработка во мигрантското прашање докажува дека, кога постои политичка волја и професионализам, принципот на солидарност се претвора во спроведена и ефективна политичка активност, рекол алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос.
Германскиот амбасадор во Грција Ернст Рајхел истакнал дека Германија продолжува да прима болни деца и деца кои имаат потреба од болничка нега, а се сместени на грчките острови.
-На овој начин, ние даваме јасен знак за европска солидарност. На тешкиот пат кон заедничка европска политика за азил, солидарноста на сите партнери во ЕУ е апсолутно неопходна, рекол Рајхел.
Ова е втората група бегалци што од Грција заминува за Германија, откако минатата седмица веќе заминаа 80 баратели на азил.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
