Македонија
9. December 2025 - 16:32

Од Фондот за здравство уверуваат дека од нивна страна нема доцнење на исплатите за породолно

По реакциите на родилки дека им доцнат парите за породолно и по неколку месеци, од Фондот за здравство тврдат дека проблемот со исплатите не е кај нив. Пролонгирањето на исплатите Клековски го лоцираше во доцнењето на доставените пресметки посебно првите од страна на работодаваци, но и на државни институции и апелираше тоа да го прават навреме. На брифинг со медиумите директорот на ФЗО презентираше податоци за исплатени средства од јули лани до сега за исплатени средства по основ на породолно отсуство. Службите ќе проверуваат зошто во ноември и август има помалку породилни.

- Правиме анализи и согледувања дали има заостанати, исплати бидејќи бројот на исплатени породилни отсуства секој месец варира, немаме константен број. Можниот обем во декември е решен со прераспределбата во буџетот каде е зголемена позицијата за породилни отсуства и кај нас и во Министерството за економија и труд, бидејќи имавме раст на вкупниот број породилни исплати поради зголемувањето на платите, а не поради зголемување на бројот на родени бебиња и породилни отсуства, реше Сашо Клековски, директор на ФЗО.

И исплатата на капитацијата на матичните лекари според Клековски се одвива тековно согласно договорите. А за реакциите зошто на онкологија нема тумор маркери, тој укажа дека истите ги има на Институтот за Клиничка биохемија во комплексот “Мајка Тереза”. Тој повика лекарите да им објаснуваат на пациентите каде можат да ги направат овие анализи, најблиску до нивното место на живеење. Според директорот на ФЗО најголемиот дел од овие испитувања не треба да се користат за дијагностика туку за следење на болеста.

- Ако имаме околу 2.500 пациенти со рак на дојка според контролите ако се правата на 3 месеци треба да се прават околу 10.000 вакви аналзии, а имаме 21.687 направени тумор маркери. Што укажува на можна злоупотреба бидејќи овие аналзии не се правата за дијагностика туку за следење на болеста, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗО.

За направени околу 250.000 тумор маркери годишно, Фондот фактурира на лабораториите со кои има договор над 2 милиони евра.