Балкан
10. August 2015 - 9:51

Од експлозија на плинска боца во слаткарница повредени 20 лица

Најмалку дваесет лица се повредени од експлозија на плинска боца во слаткарницата „Камелиа“ во Тирана.

Инцидентот се случил на улицата „Дон Бошко“, околу 19 часот, при што од експлозијата на 15-ест литарската плинска боца, целосно е уништена слаткарницата а материјална штета е предизвиката и на соседниот дуќан.

-Повеќето од повредени биле случајни минувачи, кои се здобиле со повреди од парчиња стакла од искршените прозорци но и други предмети од внатрешноста на слаткарницата. Меѓу повредените се и сопствениците на слаткарницата Абдула и Паќесие Дервиши, кои се пренесени во Клиниката за трауматологија,но се вон животна опасност – пишува онлајн изданието на весникот „Шекули“.  

Повредените,поради близината веднаш биле онесени во Клиниката за трауматологија, но поради сериозноста на повредите три лица, кои имале изгореници по телото, се префрлени во универзителските клиники во Тирана.Во критична состојба е едно лице, кое се здобило со висок степен на изгореници по телото и тешка повреда од силен удар од тврд предмет на главата.

Доцна синоќа повредените, кои се задржани на лекување ги посетил министерот за здравство Илир Беќја.