ОН: Од дрога зависни 29 милиони луѓе во светот
Бројот на возрасни луѓе зависни од дрога, за првпат се зголеми во изминатите шест години, и денес речиси 29 милиони луѓе се во таа категорија, наведува Канцеларијата на ОН за борба со дрога и криминал.
Во извештајот се вели дека речиси 29 милиони луѓе во светот се зависни од дрога, додека лани се регистрирани 27 милиони, а околу 12 милиони се регистрирани како „инектирачки корисници на наркотици“, од кои 14 отсто се со ХИВ.
Морталитетот поврзан со дрога е непроменет во светот – во 2014 година имало пријавени околу 207.000 смртни случаи.
Во извештајот се вели дека и употребата на хероин и поврзани смртни случаи прикажуваат тренд на нагло зголемување во изминатите две години во држави од Северна Америка и Западна и Централна Европа.
Најчесто користена дрога на глобално ниво е канабисот – проценки од 183 милиони луѓе кои го користеле во 2014 година.
Ново на Сител
-
Преглед на вести од светот
-
Се уште не е готово супервештачењето - Одложено судењето за Веаповска
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува обвинителите сериозно да го разгледаат извешајот на ДЗР за инфраструктурни проекти
-
Земјоделците бараат договори за сигурен пласман на производите
-
Преглед на вестите од светот
-
Кога ќе проработат новите камери на улиците и за кои прекршоци ќе се казнува?
-
Четири лица од Итната медицинска помош завршија на Ургентен откако се заглавија во лифт
-
Тема на денот со Марко Бислимовски