Македонија
26. јуни 2024 - 19:54

Четири лица од Итната медицинска помош завршија на Ургентен откако се заглавија во лифт

Четири лица од тимот на скопската брза помош завршија на Ургентен, откако имаа несреќа со лифт. Се упатиле да спасат човечки живот, ама се заглавиле во мал лифт заедно со потесен член од семејството кое се јавило на 194. 

Малиот лифт во кој е предвидено да се возат максимум три лица, се качиле вкупно пет, четири лица од Итната медицинаска помош и едно лице од потесното семејство на починатото лице каде интервенирале докторите. Па така, поради претовар се случил инцидентот со лифтот.

Поради паника, заглавените во лифтот првин дале погрешна адреса на пожарникарите, па потоа точната. По пристигнување на местото на настанот, екипите на скопската бригада успеале да ги извлечат здравствените работници и граѓанинот од лифтот.

Станарите во зградата беа видно исплашени. Да се заглави лифтот конкретно во оваа зграда се случувало и претходно, но досега никој не бил повреден.

Од скопската противпожарна бригада велат дека им се зголемени ваквите интервенции, па апелираат до куќните совети на зградите да вршат честа проверка за безбедноста на лифтовите.