Од денеска влез во Австрија само со три дози вакцина против ковид
Од полноќ во Австрија стапи во сила нов режим на влез, кој им овозможува на патниците од целиот свет, кои примиле три дози од вакцината против коронавирус, да влезат без дополнителни документи.
Според новата регулатива за режим на коронавирус за влез во Австрија, списокот на земји со висок ризик повеќе не важи.
Така, граѓаните ширум светот што примиле засилувачка доза можат да влезат во Австрија без дополнителни услови.
Причина за олабавување на режимот за влез во земјава е тоа што и во Австрија доминантна е сојот омикрон.
За оние што не ја примиле третата доза од вакцината важи таканареченото правило „2Г плус“, што значи дека вакцинираните или излекуваните можат да влезат во земјава само доколку имаат негативен ПЦР тест.
Лицата кои имаат 2Г документи (потврда за ковид19 или потврда за вакцинација со две дози), а немаат негативен ПЦР-тест мора да бидат ставени во карантин, кој може да се прекине по ПЦР-тест кој има негативен резултат.
Со ова не е можен влез во Австрија за туристички цели за невакцинирани или лица кои не го прележале ковид.
Ново на Сител
-

Најмногу врнежи во Kрушево, на Попова Шапка 55 сантиметри снег
-

Македонските спортисти продефилираа на свеченото отворање на ЗОИ 2026
-

Македонските тенисери го стартуваат дуелот со Кипар
-

Ѓорѓиевски по изборот на новиот ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Ова раководство ќе ја испише историјата, нè очекува многу работа
-

Поради магла, намалена видливост до 100 метри на Стража и Маврово и до 60 метри на патот Гевгелија – ГП „Богородица“
-

Трамп се заканува со царини за трговските партнери на Иран
-

Отворени 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина
-

Променливо облачно и релативно топло, со слаб локален дожд
