Од денеска се наплаќаат пластичните кеси во Грција

Грција од денеска ги укинува бесплатните пластични кеси во супермаркетите и продавниците, а со тоа ќе се усогласи со европските правила за заштита на животната средина. Потрошувачите за кесите ќе треба да платат 4 евроценти, додека, пак, од 2019, оваа цена, ќе се зголеми на 9 евроценти.
Според грчката организација за рециклирање, како што јавува дописникот на МИА од Атина, само во 2015, годишната потрошувачка на пластични кеси била меѓу 242 и 363 парчиња по лице, додека во 2010 во цела Европа биле употребени 98.6 пластични кеси.
Според податоците на Гринпис- Грција, секоја година во Грција се користат 4.3 милијарди пластични кеси, 2 милијарди пластични шишиња за вода и сокови и 300 милиони пластични чаши за кафе.
До вчера, освен во еден познат синџир германски супермаркети, кесите секаде во Грција беа бесплатни, а од денеска потрошувачите треба да пазаруваат или со платнени торби или да платат за пластична кеса.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
