Од денеска нови рестриктивни анти-ковид мерки во Бугарија
Од денеска стапуваат во сила новите мерки против Ковид-19 на територијата на Бугарија, откако случаите на заразени лица повторно почнаа да растат. Во земјата има 1371 нови случаи на коронавирус со извршени 20.952 тестови, што значи дека 6,5 проценти од земените примероци се позитивни.
Согласно новите мерки се ограничува капацитетот на ресторани, спортски сали, настани, лични прослави и детски центри на 50 отсто. Објектите ќе користат 100 отсто од нивниот капацитет доколку персоналот и клиентите се вакцинирани, прележале коронавирус или достават негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред да влезат во објектот.
Раководителите на сите администрации мора да организираат работа на далечина за најмалку половина од персоналот и да постават флексибилно работно време и почеток на работниот ден помеѓу 7.30 и 10.00 часот, пренесува БГНЕС.
Министерството за здравство верува дека на овој начин значително ќе се намали протокот на патници во градскиот и меѓуградскиот превоз низ целата земја, што го олеснува и почитувањето на анти-епидемиските мерки и спроведувањето на ефикасна здравствена контрола.
Во приватните компании, доколку е можно, тие исто така треба да обезбедат можност за работа од далечнина за 50 отсто од нивниот персонал. Ова правило важеше и досега.
Ново на Сител
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
-

Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
-

Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали
-

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност
-

Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда
