Од денеска нема контроли на 73 премини на Хрватска со Унгарија и Словенија
Од денеска се укинуваат граничните контроли на вкупно 73 гранични премини на Хрватска кон Словенија и Унгарија.
– За сите граѓани на Хрватска тоа значи дека повеќе нема да мора да покажуваат документи при преминување на границата, рече хрватскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ кога минатиот месец му ги презентираше на хрватскиот Сабор измените на законот за странци и за преминување на државната граница, кои создаваат предуслови за примена на шенгенските начела во Хрватска.
Тој прецизираше дека станува збор за 15 премини кон Унгарија и 58 кон Словенија.
За разлика од граничните контроли на копнените и поморските граници, кои од денеска се укинуваат со земјите од Шенген, граничните контроли на аеродромите ќе бидат укинати на 26 март.
Разликата во датумите се должи на тоа што на меѓународно ниво се воспоставени зимскиот и летниот распоред на летови, објасни Божиновиќ.
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за населението во поплавените подрачја
-

Вардар подобар од Брера на гостувањето во Струмица
-

ЦУК: Стабилна состојба на реките по обилните врнежи, се расчистуваат мостови
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
-

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години
-

Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година
-

Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф
