Од денеска намалени цените на пет патарини во Грција

Намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, на автопатот Солун – Атина најавено минатиот месец, од денеска стапува во сила со што патувањето со автомобил ќе биде за околу 17 отсто поевтино, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Фејсбук напиша дека „октомври започнува со уште едно намалување во патниот транспорт, овој пат со намалување на патарините на делницата Малиакос-Клиди“ и објасни дека со ова намалување, вкупната наплата за минување низ петте станици за 2024 година е 13,70 евра од 16,50 евра колку што е денес, додека во 2025 година наплатата ќе биде 14,40 евра од 17,40 евра што возачот ќе требаше да плати доколку не беше воведено намалувањето.
-Ова стана возможно бидејќи избравме бенефитот од рефинансирањето што го обезбедивме да го искористиме до крајот на 2025 година во корист на нашите сограѓани, наместо да го префрлиме износот во државниот буџет. Па така од денеска оние кои минуваат низ централна Грција ќе плаќаат намалени патарини од 2,8 до 3 евра, напиша Мицотакис.
Како што објави МИА на почетокот на септември, намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките возила ќе важи 15 месеци, до крајот на 2025 година и е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегоа од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот.
Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија.
Дополнително, од 6 октомври ќе се намали и цената на патарините на обиколницата „Атики одос“ во областа, Атика поширокиот регион на Атина од 2,80 на 2,50 евра.
Ново на Сител
-

Ирак прогласи тридневна жалост поради смртта на Хамнеи
-

ИДФ соопштија дека Хамнеи е убиен во „прецизна, обемна“ израелска операција
-

Убиени началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран и главниот командант на ИРЦГ
-

Иран го нападна аеродромот во Дубаи | ВИДЕО
-

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
-

Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
-

Илјадници Ирачани жалат за смртта на Хамнеи
-

Ирански ИРГЦ извести за одмазднички напади врз базите на САД и Израел
