Од Дебар заминаа 106 од затекнатите граѓани од други градови од државава
Доцна попладнево од Дебар заминаа 106 лица кои беа затекнати со прогласувањето на кризната сосотојба во Дебар и Центар Жупа, поради корона вирусот.
Како што информираа од Оперативниот штаб станува збор за лица од други градови на Македонија,кои беа сместени во хотелските капацитети на „Дебарски Бањи -Цапа“ а кои се согласиле да останат во домашна изолација уште 14 дена.
Со полицска придружба, во зависност од местото на живеење, дел заминаа преку контролниот полициски пункт на Бошков Мост, на патот кон Маврово, додека дел преку пунктот кај ХЕ„Глобочица“ на патот кон Струга.
Останатите 12 лица, странски државјани, пред се од Шведска и Албанија, Дебар ќе го напуштат според соодветен протокол во соработка со Амбасадите на земјите од каде што се.
Затекнатите лица во четвртокот попладне беа вратени од контролнте полициски пунктови поради тоа што имале само потврда од епидемиолог дека се здрави, но во договор со надлежните и согласност на лицата да останат во домашна изолација уште две недели тие доцна попладнево заминаа во своите домови.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии